Ние сме повеќе од вода, ние сме вода во движење. движење. движење.
Нашата следна трка е на 05.06.2022


CROSS COUNTRY RACE
ХСО Куманово е крос кантри патека лоцирана на 3км од Куманово во месноста Студена Вода. Патеката е во должина од 5.2 км со вкупно искачување од 170 м н/в.
Патеката е креирана по сите стандарди која изобилува со стрмни нагорнини, надолнини, скокови, дропови и рок гардени кои ја прават динамична со многу промени ви ритамот на натпреварувачите.
Уникатна и адреналинска патека која ги задоволува и најпрефинетите натпреварувачки стандарди.




XCO КУМАНОВО НИЗ ГОДИНИТЕ
2021
Државно првенство на Македонија
Истата година следуваше и државното првенство на Македонија на кое беше донесена и конечната одлука во соработка со ВФМ да се одржи и првата УЦИ трка од категорија Ц1 на 05 јуни 2022год.
2021
Генерална проба за настан од УЦИ Ц1
2021 год, повторно организација на највисоко ниво со натпреваручи од Србија, Бугарија, Црна Гора и Македонија, целиот настан беше организиран како генерална проба за настан од УЦИ Ц1 категорија со запазување на строги правила за тој тип натпревари.
За прв пат на овие простори по идеја на Емил Цветанов беше изработен 15 метарски мост, кој е симбол на една вистинска амбиција за успешна промиција на оваа дисциплина.
Оценките од сите присатни и учесници само го потврдија успехот на целиот настан.
2020
Национален шампионат
2020 год иако најавена трка во календарот на УЦИ, поради пандемијата мораше да биде одложена и организирана како трка за национален шампионат.
2019
Интернационален натпревар
Следуваше натпревар во 2019 год. на кој учество земаа и натпреварувачи од Србија и Бугарија,со кое допринесоа натпреварот да прерасне во меѓународна трка.
Сите пофалби пристигнаа од гостите кои не ги криеја нивните впечатоци за нивото на организација и прекрасната патека креација на Емил Цветанов, Борис Стефановски и Денис Ѓорѓиевски.
2018
Државно првенство
По успехот и нивото на организација, на барање на ВФМ истата год. се одржа и државното првенство повторно на највисоко организациско ниво.
2018
Првата трка
По оформување на клубот и зачленување во ВФМ, 2018 год. се одржа првата трка за национален шампионат организирана на високо ниво невообичаено за овие простори.
2017
Почетоците
Се започна по идеја На Емил Цветанов 2017 год, кој до тогаш посетуваше натпревари низ Македонија натпреварувајки се во хоби класа, ентузијаст кој веруваше дека и Куманово може да биде на мапа на престижните натпревари во планински велосипедизам.















